Со оглед дека овој викенд на многумина ќе им биде продолжен, одлучивме за денес да ви предложиме една интересна, топла и дотерана комбинација.

Нашиот избор е карирано фустанче со куси ракави од штоф, каде доминитраат кафените нијанси. Тоа го комбиниравме со високи чизми во беж боја, како и лежерен мантил во слична нијанса.

Кога се модните додатоци во прашање, темнокафена чанта со реси ни изгледа како одличен и тренди избор. Со баретката во иста нијанса внесовме и француска нота во стајлингот, а од накит, изборот се округло обетки, исто така во кафени нијанси.

Искористете го овој викенд најдобро што можете и не потклекнувајте пред студеното време!

Објавено:
23 октомври 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
2.660 пати