Денеска ја имаме есента со своето вистинско лице, дождлива и обоена во сите земјени тонови.

Затоа одбравме предлог комбинација која ќе ве расположи, а истовремено која ќе биде соодветна на овој дождлив ден.

Акцентот е на лакованиот црн мантил, што е идеално парче за сите ваши комбинации во текот на оваа сезона.

Може да го комбинирате со џинс, чизми до глужд и сиво плетено џемперче, како во нашиот предлог стајлинг за денеска.

Објавено:
4 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
409 пати