Дождлив вторник во розова комбинација
•
16 мај 2017
Вториот ден од работната недела го дочекавме со дожд во градот, а тоа веднаш подразбира комбинација со која ќе се заштитите во текот на целиот ден. Истата мора да биде и стилска, па така денеска носиме шик везени фармерки и ги комбинираме со розова кошулка со карнер во долниот дел. Бидејќи се чини дека во текот на целиот ден ќе уживаме во дождот, заштитете се со ова дождовно капутче во слична боја како кошулката и патики кои се супер шик.
Уживајте во дождот!