Не дозволувајте времето надвор да ви го расипе расположението во оваа среќна среда. Денеска носиме boyfriend фармерки и ги комбинираме со топло џемперче во црвена боја. Бидејќи утрово се разбудивме со дожд, задолжителни за денеска се гумените чизми со цветен дезен. Иако врне, температурите се одлични за вашата омилена кожена јакна која што одлично ќе се вклопи со зимската црна шапка и тренди ранчето во иста нијанса.

Уживајте во оваа среќна дождлива среда!

Објавено:
24 февруари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
756 пати