Новата работна недела ја започнуваме во елегантна, женствена комбинација. Со оглед на тоа дека и температурите се високи за ова време од годината, нема потреба денеска да се заробувате во фармерки или панталони.

Токму затоа, наш избор е фустан во жолта нијанса, со долги ракави. Има и висок околувратник, околу кој има и тенка панделка.

Кариран капут е сега актуелен и еден од најпопуларните трендови, а овој што ние денеска го одбравме за предлог-комбинацијата е во црно-бели нијанси. Во таква комбинација е и чантата, но со малку поинакво каро, со што се разигрува комбинацијата уште повеќе.

Црни чевли со потпетица се нашиот избор за обувки.

Ви посакуваме успешен почеток на работната недела.

Објавено:
13 ноември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
689 пати