Конечно дојде и најсреќниот ден од неделата, а денеска се чувствуваме уште поубаво поради слободниот празничен ден во кој уживавме вчера. Денеска блеснете во полн сјај и одберете навистина елегантна и женствена комбинација. Носиме сиви широки панталони со висок струк и ги комбинираме со црна блузичка со бела јака. Утрово повторно температурите се малку пониски па задолжително со себе понесете ја омилената кожена јакна, но не двоумете се да ги одберете и омилените високи потпетици. Целото внимание денеска и го посветуваме на оваа прекрасна црна чанта со бели цветови која е совршен сојузник на црвениот кармин кој ќе ја нагласи комбинацијата.

Објавено:
12 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
848 пати