Овој четврток одбравме една женствена комбинација која лесно можете да ја импементирате и во секојдневниот стил.

Се работи за карирано фустанче со долги ракави, кое ние го комбинираме со тегет капут во сличен крој.

На тоа додаваме чизми до глужд во иста нијанса со капутот и бордо чанта со тегет елементи.

Ако сакате полежерна комбинација, фустанот можете да го комбинирате со рамни чизми на пример и јакна или капут со поинаков крој.

За што и да се одлучите, се надеваме дека успеавме да ве инспирираме.

Имајте убав ден!

Објавено:
2 ноември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
541 пати