Конечно петок! Последниот ден од работната недела поминете го во топла и шик комбинација на ова студено време. Носиме модерни фармерки и ги комбинираме со интересно џемперче во неколку бои. Чизмите денеска се лакирани и црни, а ги комбинираме со чантичка во иста нијанса. Бидејќи утрово температурите се навистина зимски, задолжително облечете и јакничка, овој пат со неодоливо крзно во пределот кај јаката.

Уживајте во викендот!

Објавено:
20 ноември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
724 пати