Последниот ден од работната недела и првиот од есента го резервираме за една опуштена и кул комбинација.

Искинатиот џинс го комбинираме со блузичка со крагна, розова панделка и везени флорални апликации во предниот дел.

Тексасната јакна е обврзна, или некоја друга ако сакате, бидејќи и температурите ни кажуваат дека есента пристигна. На сето тоа додаваме патики, исто така со панделка и чанта во колор-блок комбинации.

Искористете го петокот на најдобар можен начин и расположени дочекајте го викендот!

Имајте супер ден.

Објавено:
22 септември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
493 пати