Вториот ден од работната недела го дочекавме со фантастични пролетни температури и прекрасно сонце, а тоа значи и избор на парчињата за кои долго време чекавме. Денеска носиме широки boyfriend фармерки и ги комбинираме со слатко розово џемперче со бела кошула одоздола. Денеска целото внимание е свртено кон оваа фантастична и ултра впечатлива јакна која е целосно извезена со цветни детали. Комбинацијата надополнете ја со овие удобни розови патики, чанта во слична нијанса и секако, шик очила за сонце и накит по ваш избор. 

Објавено:
28 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
552 пати