Петок го означува почетокот на викендот, па веројатно повеќето од вас ќе го искористат максимално денешниот ден.

Затоа, ние предлагаме фустан-кошула во риги и без ракави. Овој од фотографијата има и ремен што се врзува во панделка, што му дава по малку ретро и романтична нота. Но, доколку немате таков, можете да ставите некој во поинтензивна боја и на тој начин да ја нагласите половината и да ја направите комбинацијата повпечатлива.

Изборот на обувки се сандали во беж нијанса, додека кога се модните додатоци во прашање, чанта во истата нијанса и впечатлив ѓердан по избор ќе ја дополнат оваа пролетно-летна комбинација.

Уживајте во денешниот ден!

Објавено:
10 јуни 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
824 пати