Со оглед на тоа какво е времето, можеби идеалната предлог комбинација за денес ќе беа пижами. Но, сепак доколку се одлучите да излезете, нека биде нешто топло и лежерно.

Долга блуза со интересен принт, широки фармерки и топла плетена наметка се нашиот избор. Кога се обувките во прашање, ние се одлучивме за патики, но можете да одберете и некои чизми до глужд.

Комбинацијата дополнете ја со кратка јакна и шал.

Како и да одлучите да го поминете денот, ние ви посакуваме да уживате и да имате убав викенд!

Објавено:
11 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
823 пати