Петок е, крај на работна недела, а почеток на нов месец, што значи дека моментот е идеален за да се опуштите и забавувате.

И покрај тоа што надвор е тмурно и сиво, ние одлучивме денов да го обоиме во боите на љубовта.

Нашата денешна предлог комбинација е составена со плисе здолниште во темноцрвена боја, кое го споивме со џемпер во пастелно розова нијанса, кој ја лактите има црвени срциња.

На ова додаваме чизми до глужд и широк капут во иста темноцрвена нијанса. Чантата е во нијансите на комбинацијата.

На крајот само додадете го доброто расположени и завршете ја неделата (или почнете го месецот) во полн сјај!

Објавено:
1 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
399 пати