Како да се започне овој продолжен викенд, ако не опуштено. Денешната комбинација нас нè потсетува на детство и безгрижност.

Кракиот тексасен комбинезон е класика, парче кое секогаш ќе биде актуелно. Го комбинираме со маичка со натпис и секако со култните старки.

На сето тоа додаваме кул ранче и очила за сонце. Ако сте љубител на модни додатоци, можете да ставите и лента или марама во коса.

Оваа комбинација со ретро нота нас ни буди убави чувства, а токму така ви посакуваме да се чувствувате и овие неколку слободни денови и секако, да се одморите.

Имајте убав викенд!

Објавено:
24 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
238 пати