Уште еден викенд пред нас и време за уживање. Токму затоа одлучивме денешната комбинација да биде летна и удобна и тоа во т.н. пеперминт боја, која последнава сезона е посебно актуелна.

Долгото здолниште што се врзува на половината е во пастелна минт нијанса, а го комбинираме со топ во повеќе нијанси од бојата. Моделот е создаден од растеглив материјал па може да го носите така што ќе ги откриете рамениците, уште еден голем тренд сезонава. 

Чантата е во слична нијанса со здолништето, додека пак обувките се во нешто поинтензивна минт боја, како онаа што ја има на топот.

Инаку, се одлучивме тоа да бидат патики со текстура, за поголема удобност, што не ве спречува да си направите и ваша комбинација со високи потпетици доколку така се чувствувате подобро, или пригодата каде што ќе одите го наложува тоа.

За што и да се одлучите, веруваме дека нема да згрешите и ви посакуваме убав викенд!

 

Објавено:
8 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
403 пати