Конечно петок! Последниот ден од работната недела поминете го во неодоливо бело фустанче со интересни панделки од страните и најпосакуваните копчиња како моден додаток.

За комбинацијата да биде уште полежерна, комбинирајте ја со кафени папучи со ремчиња и чанта во истата нијанса.

Што се однесува до модните додатоци, овие бои се одлични во комбинација со златни детали, па така единствено носиме ланчиња во златна нијанса.

Уживајте во прекрасниот петок!

Објавено:
10 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
641 пати