Крајот на работната недела е, време за опуштање и забава. Му пркосиме на времево со една летна комбинација во бела боја.

Нашиот денешен предлог е тесно бело здолниште на преклоп. Го комбинираме со маичка со везен принт, со голи раменици.

Комбинацијата ја завршуваме со сандали во слични нијанси како принтот на маичката. 

Карминот е розов, но вие можете да го смените и со некоја повпечатлива нијанса.

Ви посакуваме забавен петок!

Објавено:
27 јули 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
435 пати