Крајот на работната недела го обележуваме со впечатлива празнична комбинација. Нашиот денешен предлог е црно фустанче на прерамки и со V-израз во делот на деколтетот и грбот. 

Го комбинираме со сино палто со дискретен сјај и црн паспул околу реверите. Чевли со машничка кај петата и црна чанта со сребрени нитни е нашиот избор за модни додатоци.

Карминот е ваш избор. Ви посакуваме весел и забавен петок!

Објавено:
29 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
468 пати