Работната недела ја завршуваме со елегантна црно-бела комбинација. Истата може да ви биде инспирација доколку викендов сте на некоја свеченост.

Нашиот избор е црно миди здолниште со висок струк од тантела. Го комбинираме со бела кошула-боди на преклоп и со долги ракави.

Комбинацијата ја завршуваме со елегантни чевли на висока потпетица и мала зелена чанта. Можете да додадете накит по ваша желба и секако кармин и подготвени сте дотерани да го дочекате викендот.

Имајте супер петок!

Објавено:
11 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
709 пати