Конечно петок! Иако оваа недела беше пократка, сепак не може, а да не му се радуваме на последниот работен ден. И ова утро се разбудивме со пониски температури, па тоа значи дека повторно се враќаме на зимските парчиња. Носиме интересни панталони со точки и ги комбинираме со бело џемперче со принт и рамни чевли кои се супер удобни. Заштитете се од студот и комбинацијата надополнете ја со ова црно капутче со ремен на средината. Чантата денеска е навидум едноставна, но многу стилска и совршено се вклопува со сите парчиња. 

Објавено:
21 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
334 пати