Последниот ден од работната недела и најубавиот ден пред викенд, носиме навидум едноставен, но многу стилски црн плетен фустан и го комбинираме со црни високи чизми. Бидејќи утрата се навистина свежи, не заборавајте комбинацијата да ја надополните со темно црвена кожена јакна која одлично ќе се вклопи во целата слика. Носиме и елегантна женствена чанта во слична боја како јакната, кармин во иста нијанса и неодоливи сребрени обетки.

Уживајте во овој сончев октомвриски ден!

Објавено:
14 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
926 пати