Крај на работната недела, а згора на сè и сончев и топол ден - добитна комбинација да ви биде денот прекрасен.

Нашиот денешен предлог е комбинација која можете да ве инспирира за тоа како да изгледате доколку вечерва планирате после работа да продолжите некаде или да излезете вечер и да го заокружите петокот и неделата на најзабавен начин.

Се одлучивме за црн „слип“ фустан до колена, кој го комбинираме со интересна кожена јакна во златна нијанса. 

Обивките се црни со златни ременчиња околу глуждот, а и чантата е црна со златни детали.

На тоа додаваме кармин во потемна нијанса и очила за сонце.

Имајте забавен петок!

Објавено:
9 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
398 пати