Конечно петок! Последниот ден од работната недела го дочекавме со навистина ниски температури, па по тој повод облечете се топло за да уживате во текот на денот. Денеска носиме шик фармерки со цветни апликации од страната и ги комбинираме со црвено нежно џемперче. Овој петок целата комбинација е некако во знакот на љубовта, па одбравме и црвено топло капутче, модерни чизми до глуждовите, елегантна чанта и топла зимска капа во крем варијанта. Уживајте во последниот работен ден!

Објавено:
9 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
621 пати