Добро утро! Календарски, денеска официјално ни пристигна пролетта. Се надеваме дека ќе успееме да ја надминеме актуелната ситуација со Ковид -19 побргу, за да можеме да уживаме во новото годишно време. Затоа, да бидеме одговорни и совесни, за доброто на сите.

Ние и ова утро започнуваме со стандардната рубрика „Стајлинг на денот“, која се надеваме ќе ви биде одлична инспирација за деновите што следат, кога ситуацијата ќе се стабилизира.

Нашиот денешен предлог, инспирирани од убавото време и пролетта, е црветен женствен фустан, со широко здолниште кое има и џебови.

Стајлингот е комплетиран со кратка тексасна јакна. Овде е украсена, но уште подобро би било да е поедноставна или класична, беж сандали и чанта.

Нека биде убава пролет за сите!

Објавено:
20 март 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
529 пати