Конечно петок! Да прославиме за викендот што е пред нас и да одбереме комбинација во која денеска ќе блеснеме.

Го носиме омиленото летно цветно фустанче, а одоздола го комбинираме со едноставна бела кошулка со јака.

Иако фустанчето само по себе е прекрасно, дополнително разубавете го со оваа шик црвена јакна и балетанки во иста боја.

Чантата и накитот нека бидат по ваш избор, а шминката и фризурата доволно едноставни како што ѝ прилега за преку ден.

Уживајте во петокот!

Фото: Pinterest

Објавено:
29 март 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
665 пати