Последниот ден од неделата секогаш е најубав, па дури и ако времето е облачно. Да го разубавиме денот со шармантна комбинација која е микс помеѓу прекрасните пролетни денови и зимата што одмина.

Носиме широко цветно здолниште со карнер во долниот дел и го комбинираме со меко и удобно џемперче во крем нијанса.

Бидејќи температурите денеска се малку пониски, без проблем можете комбинацијата да ја надополните со високи кафени чизми на потпетица и секако, стилска мини чантичка.

Уживајте во денот!

Објавено:
5 април 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
675 пати