Кога ќе се каже на петок, се мисли веднаш на викенд, а кога ќе се каже викенд, се мисли на релаксираност и забава.

Токму затоа ние за денес имаме предлог комбинација која истовремено е и лежерна и удобна, а сепак доволно тренди и интересна за да можете да ја искористите за повеќе пригоди.

Бидејќи температурите малку се намалија, одлучивме денеска централното парче во комбинацијата да бидат светли, искинати фармерки.

Ги комбинираме со лесна кошулка на риги, која има панделки на ракавите. Кога се модните додатоци во прашање, балетанки на врзување се нашиот избор во комбинација со чанта од џинс и очила за сонце.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
14 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
369 пати