Конечно петок! Последниот ден од работната недела го дочекавме со навистина ниски температури, но тоа не значи дека денеска не треба да блеснеме.

Носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со елегантна црна кошулка со отвор во предниот дел.

Бидејќи времето е навистина студено, кмбинацијата задолжително надополнете ја со стилско капутче, овојпат во прекрасна крем нијанса и црни рамни чизми.

Стајлингот заокружете го со шик чантичка во црна нијанса и со вас земете ги и очилата за сонце, бидејќи се чини дека ќе уживаме во сонцето денеска.

Имајте супер петок!

Објавено:
18 јануари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
755 пати