Работната недела ја завршуваме со урбана и удобна комбинација, која одлично ќе се вклопи доколку имате во план после работното место да се забавувате.

Нашиот денешен предлог е фустанче без ракави, со интересен принт, како пресликан цртеж, но може да биде било кое друго што вие сакате да го носите.

Го комбинираме со кратка тексасна јакна. Модните додатоци, односно чевлите и чантата се во црвена боја. Чевлите се со висока потпетица и ремче околу глужд, а чантата мала со ремен за преку рамо.

На сето ова додаваме очила за сонце, а вие завршете го изгледот со црвен кармин и завршете го денот со стил!

Имајте забавен петок.

Објавено:
29 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
546 пати