Конечно дојде и последниот ден од работната недела, а тоа значи дека треба да блеснеме во полн сјај доколку се одлучиме за некој ручек или кафе со пријателите после работа.

По тој повод, денеска одбравме едноставни фармерки во темна нијанса и ги комбинираме со прекрасна свилена кошулка во кафена нијанса.

Комбинацијата надополнете ја со црни чизми на висока потпетица, стилско кафено или црно капутче и шик мини чантичка.

Од модни додатоци, денеска носиме часовник во златна нијанса и очила за сонце кое се надеваме дека ќе изгрее подоцна во денот.

Имајте убав петок!

Фото: Pinterest

Објавено:
15 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
767 пати