Конечно петок и прекрасно сонце во градот. По тој повод, денеска ги одбравме најстилските парчиња од нашиот плакар.

Носиме широки кафени панталони со висок струк и ремен на половината и истите ги комбинираме со стилска кошулка со принт.

Комбинацијата надополнете ја со тренди чанта во потемна нијанса од панталоните, а што се однесува до накитот, носиме минимални обетки и секако, очила за сонце.

Имајте убав ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
3 мај 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
625 пати