Последниот ден од работната недела и денот пред продолжениот, празничен викенд, сакаме да го поминеме во лежерна комбинација во кои вклучивме шик парчиња што ќе не заштитат од студот.

Носиме едноставни панталони во крем нијанса и ги комбинираме со топол џемпер во сива боја, а одозгора стилско капутче во две нијанси.

Бидејќи температурите деновиве се навистина ниски, мора да се заштитиме и со топла плетена капа, чизми во слична нијанса како останатите парчиња, а во комбинацијата вметнете и голема сива чанта.

Уживајте во денот!

Објавено:
4 јануари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
809 пати