Сезонава на девојките омилени се карираните панталони, па денеска носиме едни такви и ги комбинираме со едноставна бела маичка со принт.

Бидејќи утрата се навистина студени, комбинацијата задолжително надополнете ја со вашето омилено капутче, во случајов едноставно и црно.

Чизмите на потпетица се совршен избор за денешнава комбинација, а овие црни со патент се супер шик.

Што се однесува до модните додатоци, носиме црна чантичка, часовник и очила за сонце, бидејќи сонцето сè уште соработува.

Имајте супер петок!

Објавено:
12 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
750 пати