Крајот на неделата го завршуваме со шик комбинација, идеална доколку планирате вечерва да излезете и да се забавувате.

Нашиот денешен предлог црн комбинезон со риги. Горниот дел е срцевиден и на тенки прерамки, ногавиците се широки, а половината е истакната со ремен кој се врзува во панделка.

Црни сандали со ремче се изборот на обувки, кои внесуваат доза сексапил, а комбинацијата ја заокружуваме со плик чанта во виолетова нијанса и впечатливи обетки со реси.

Ви посакуваме да имате незаборавен петок!

 

фото извор: pinterest.com/lulus

Објавено:
31 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
520 пати