Последниот ден од работната недела го дочекавме со малку пониски температури и облачно време, но тоа не значи дека денеска треба да се откажеме од стилската комбинација. Носиме ретро фармерки и ги комбинираме со кошула со навистина уникатен и интересен принт, а одозгора носиме долго лежерно палто во црна нијанса. Веќе започна сезоната на балетанки, па така денешната комбинација нагласете ја со овој модел чевли и чанта во иста нијанса која е една од омилените сезонава. Очилата за сонце нека бидат со вас доколку во текот на денот се појави сонце, а што се однесува до шминката, единствено истакнете ги усните со кармин во кафена нијанса. 

Објавено:
12 мај 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
345 пати