Конечно петок! Денеска посакавме да се дотераме и да се забавуваме после работа, па по тој повод ги одбравме омилените кожени панталони во црна боја.

Истите ги комбинираме со едноставна бела кошулка која совршено ги надополнува и одлично скроено сиво палто како едно од омилените сезонава.

Бидејќи времето сè уште е сончево, комбинацијата надополнете ја со едноставни рамни црни чевли за да може да уживате во текот на целиот ден.

Од модни додатоци денеска носиме тренди шапка во сива боја, едноставна црна чанта и секако, очила за сонце.

Имајте супер петок!

Фото: Pinterest

Објавено:
19 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
876 пати