Конечно дојде и последниот ден од работната недела, па денеска носиме шик комбинација со која ќе уживаме и во кафето со пријателките откако ќе завршат дневните обврски.

Одбравме навидум едноставна, но шик комбинација составена од тренди џемперче во крем нијанса со откриени рамена и го комбинираме со светли фармерки со висок струк.

Комбинацијата истакнете ја со овие розови чизми со впечатлива транспарентна потпетица и ланче во златна нијанса.

Имајте супер петок!

Објавено:
9 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
928 пати