Убавото време сè уште не нè напушта, што е само дополнителна причина да се радувате на претстојниот викенд. 

Петоков искористете го максимално, а со оглед на тоа дека веќе започнаа и afterwork забавите, ние ви претставуваме една предлог-комбинација која ќе биде идеална за целиот ден.

Нашиот денешен избор е кошула фустан во портокалова нијанса, кој се шири во долниот дел и има ѕвонести ракави. 

Го комбинираме со тексасна јакна со везени апликации во нежни тонови. На тоа додаваме тегет чизмички до глужд и чанта во истата нијанса, збогатена со везени цветни апликации и очила за сонце.

Весела и кул комбинација, а токму такви треба да сте и вие денеска.

Имајте супер петок.

Објавено:
13 октомври 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
560 пати