Конечно петок и ден пред продолжениот викенд што со нетрпение го очекуваме! По тој повод, денеска одбравме впечатливо црвено кусо фустанче во кое знаеме дека ќе се вљубите.

Истото е со интересни долги ракави кои дополнително се украсени со карнери, а истите ги има и во долниот дел од фустанчето.

Комбинацијата ја надополнуваме со интересни чевли во неколку бои и цветна чанта со зелена основа.

Се чини дека денеска денот ќе биде сончев, па секако не заборавајте со себе да ги понесете и омилените очила за сонце, во случајов црвени и во форма на срце.

Имајте супер петок!

Фото: Pinterest

Објавено:
6 септември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
435 пати