Последниот ден од работната недела поминете го во лежерно издание составено од прекрасни парчиња кои се како измислени за шармантно лето.

Денеска носиме куси ленени панталони во неодолива зелена боја со ремен на половината и ги комбинираме со едноставна бела маичка на куси ракави.

Комбинацијата надополнете ја со рамни сандали со ремчиња во кафена нијанса и сламена чантичка во иста боја.

Украсете го изгледот со марама која може да ја ставите на главата или пак како аксесоар на раката и алки и прстени во златна нијанса.

Уживајте во прекрасниот петок!

Објавено:
3 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
425 пати