Работната недела ја завршуваме со комбинација за забава. Нашиот денешен предлог е комбинезон во сребрена нијанса, со металик сјај.

Го комбинираме со кратка јакна и чевли на висока потпетица, со вкрстени ремчиња во предниот дел. 

На тоа додаваме металик трака за околу врат, како моден детаљ.

Комбинација ја завршуваме со неутрален кармин, но доколку сакате повпечатлив изглед, тогаш одлучете се за некоја поинтензивна боја.

Имајте совршен завршеток на неделата.

Објавено:
18 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
360 пати