Крајот на работната недела го боиме во црвено-бели нијанси. Инспирирани од топлото време и сонцето кое конечно нè израдува, нашиот денешен предлог е миди фустан на риги.

Во горниот дел е на прерамки, со четириаголен отвор кај деколтето. Половината е истакната со ремен кој се врзува во панделка, додека здолништето е широко и збогатено со карнер.

Фустанот е одличен избор за повеќе пригоди, па според тоа каде сакате да го носите, одберете рамни обувки или со висока потпетица - и двете варијанти изгледаат одлично.

Додадете црвен кармин и доброто расположение нека започне!

 

Објавено:
7 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
736 пати