И последниот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сончево време и тоа значи дека повторно можеме да ја облечеме долго посакуваната комбинација. Денеска на ред дојде кусото тексас здолниште кое го комбинираме со прекрасна сива блузичка со карнер во долниот дел и птици како апликации во пределот кај јаката. Комбинацијата надополнете ја со оваа сива јакничка од превртена кожа и чизмички од сличен материјал. Секако, очилата за сонце и денеска се задолжителни, а и нежната шминка и сребрениот накит исто така. 

Објавено:
24 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
506 пати