Конечно дојде и последниот ден од работната недела, па прославете со стилска комбинација составена од темни фармерки со висок струк со ѕвезди како украси по површината. Комбинирајте ги со оваа широка и лежерна кошула која е како создадена за во петок. Денеска се разбудивме со убави температури, но сепак утрово комбинацијата надополнете ја со ова сино капутче. Чевлите денеска се сребрени како едни од омилените сезонава, а чантата нежно сина.

Уживајте во денот!

Објавено:
10 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
494 пати