Петок е, повеќето од вас сигурно се радуваат на продолжениот викенд и оправдано. Сепак, овој петок ние даваме една удобна комбинација, која можете да ја искористите за средба со пријателките, шопинг, но и за работното место, доколку дрес-кодот ви го дозволува тоа. 

Нашата предлог-комбинација е составена од панталони со принт со точки. Ги комбинираме со мека ролка во беж нијанса.

На тоа додаваме салонки со метален сјај и очила, но вие можете да ги смените со оние за сонце.

Иако овде отсуствува, чантата може да биде во веќе искористените нијанси, или во некоја поинтензивна, па на тој начин комбинацијата да ја направите уште повпечатлива.

Имајте убав петок!

Објавено:
20 октомври 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.437 пати