Оваа работна недела ја завршуваме во една удобна, но тренди комбинација. Денеска се одлучивме за панталони со златно-тегетен принт. 

Ги комбинираме со едноставна бела блуза. Со оглед на тоа дека петок речиси секогаш е резервиран за забава и опуштање, ако после работниот ден се одлучите за некоја таква варијанта, комбинацијата можете да ја смените додавајќи впечатлив ѓердан.

На крајот, стајлингот го заокружуваме со тегет сандали и златна мала чанта.

Ви посакуваме забавен петок!

Објавено:
4 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
890 пати