Крајот на работната недела и почетокот на викендот, заокружете ги со една симпатична пастелна комбинација.

Ние ви предлагаме да комбинирате две бои – пастелно сина и пастелно розова.

Одберете фустанче со едноставен прав крој, изработено од пријатен материјал, со ситен принт во нежно сина боја.

Комбинирајте го со патики на платформа во нежно розова варијанта и мини чантичка за преку рамо во истата нијанса.

По ваш избор надополнете ја комбинацијата со некој летен аксесоар, очила за сонце или сламена шапка.

Објавено:
7 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
247 пати