Последниот ден од работната недела поминете го во слатко фустанче во кафено – бели пруги во кое ќе уживате во текот на целиот летен ден. Бидете стилска дива на први јули и одберете модерни сандали и стилска кафена чанта. Заштитете се од сонцето со шик очила за сонце и омилената сламена шапка за ова лето. Уживајте во топлиот ден без шминка, а комбинацијата единствено надополнете ја со овој прекрасен темен кармин за усни. 

Објавено:
1 јули 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
390 пати