Петок е последниот и најубав ден од неделата, па да прославиме за тоа. Денешната комбинација се состои од неколку ефективни парчиња, па веруваме дека ќе ви се допадне.

Носиме тесно светкаво здолниште на преклоп до под колената и за супер интересен изглед го комбинираме со црна рок маичка на куси ракави со натпис во предниот дел.

Комбинацијата надополнете ја со едноставни бели патики и сина чантичка, а секако, тука се и очилата за сонце од кои не се одвојуваме и накитот по избор, во случајов, сребрени алки.

Имајте супер петок!

Објавено:
16 август 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
442 пати