Конечно петок! Последниот ден од работната недела поминете го во романтична комбинација составена претежно од розови парчиња. Носиме boyfriend фармерки со цветни апликации во пределот кај џебовите и ги комбинираме со топло розово џемперче со срциња на ракавите. Бидејќи утрово се разбудивме со малку повисоки температури, без двоумење топлиот џемпер комбинирајте го со оваа куса розова јакничка доколку веќе се чувствувате подготвени за нешто потенко. Носиме и чизми до глуждовите на висока потпетица и секако шик чантичка и неодолив розов кармин.

Имајте супер петок!

Објавено:
10 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
624 пати